logo
logo
logo

БЈЕЛОГРЛИЌ за делењето на линкот со “ТОМА“: Некој сакал да биде мангуп во друштво

Vecer | 13.10.2021

БЈЕЛОГРЛИЌ  за делењето на линкот со “ТОМА“: Некој сакал да биде мангуп во друштво

Никогаш нема да дознаеме колку луѓе можеле да го гледаат филмот во кино затоа што некој сакал да биде мангуп во друштво, изјавил режисерот и копродуцент на филмот “Тома“ Драган Бјелогрлиќ и очекува надлежните органи ќе ја сработата својата работа откако некој на социјалните мрежи го поставил линкот за гледање на филм, порачал режисерот.

Тоа еноставно не е фер, рекол Бјелогрлиќ на новинарите после проекција на филмот во Пријепоље.

За жал така е, но мислам дека публиката и понатаму ќе има свест дека ова е филм кој треба да се гледа во кино, оценил Бјелогрлиќ.

Најтажно ми е тоа што ова воопшто се случи, што кај наши луѓе се уште не постои свест и кој е тој  злочин спрема сите кои вложивме труд во ова дело и спрема луѓето кои треба да уживаат во филмот, изјавил Бјелогрлиќ.

Спрема неговите зборови, изминатиот викенд било рекордна посетеност на проекциите, а тоа зборува дека луѓето сепак сакаат да го гледаат во кино.

Надлежните органи треба да ја работат својата работа па ќе видеме дали ќе го фатат тој кој бил толку безобразен такво нешто да направи, заклучил режисерот.

Најголем проблем е тоа што луѓето во Србија не се информирани за Законот за кршење на авторските права, рекол директорот на агенцијата С.А.П.А (антипиратска агенција на Србија) Владимир Рајчиќ и адвокатот Нина Вучковиќ по повод случајот за филмот “Тома“, кој се нашол на удар на пиратеријата.

- Луѓето незнаат дека кривично дело е шерување на пиратски фајлови и сите оние кои ги делеле спорните линкови за филмот “Тома“ ќе добијат кривична пријава – изјавил Рајчиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk