logo
logo
logo

Бившите го нападнаа, Биковиќ им врати: ИМА ПРИЧИНА ЗОШТО СЕ БИВШИ

Vecer | 03.08.2021

Бившите го нападнаа, Биковиќ им врати: ИМА ПРИЧИНА ЗОШТО СЕ БИВШИ

Актерот Милош Биковиќ за првпат проговори откако неговите поранешни девојки го обвинија дека во најмала рака е груб кон нив.

Имено, танчерката Аријана Волошина прва се обрати до јавноста, тврдејќи дека таа немала свој живот поради него, но и дека тој не покажал никаква хуманост во нивната врска.

После тоа, манекенката Барбара Таталовиќ излезе и ја поддржа Аријана и рече дека препознала се што кажала танчерката за актерот и дека го чувствува истото.

Наводно, позадината на целиот случај се нерешените приватни односи, кои луѓето од околината на Биковиќ дури и ги нарекуваат „чиста уцена“.

Во врска со целата ситуација, Биковиќ конечно одлучи да се огласи преку својот Инстаграм профил.

"Секогаш ќе ги почитувам девојките со кои сум бил во одреден момент од мојот живот и не сакам да зборувам јавно за интимноста. Кога ќе заврши љубовта или пријателството, секој од партнерите може и генерално гледа на тоа поинаку. Односот секогаш ќе биде ист. Сакам да го задржам достоинството и почитта дури и кога се кажуваат невистини за мене. Секој има право да користи јавен простор како што смета - некој ја споделува својата интимност, некој своите професионални достигнувања. Прашање на личен избор, но и личен вкус. Исто како што постои причина зошто приватниот живот се нарекува „приватен живот“, постои и причина зошто поранешните љубови и врски се токму тоа„

П.С. Мислам дека има многу поважни теми од општ интерес за кои треба да се зборува “, заклучи актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk