logo
logo
logo

Видео

Бившата на голманот на Партизан призна: РЕТКО СУМ ВЕРНА ВО ВРСКИТЕ!

Vecer | 26.03.2021

Бившата на голманот на Партизан призна: РЕТКО СУМ ВЕРНА ВО ВРСКИТЕ!

Дејана Живковиќ е една од најпознатите српски манекенски, но и девојка која ја нарекуваат скандал мајстор. А таква е уште откако се појави на сцената, иако за себе вели оти не се смета за проблематична, туку само за искрена.

За најголем пад во кариерата го смета потпишувањето со Елит модел лук. Вели, само што потпишала договор за работа, агенцијата се распаднала и наместо да има светска кариера не добила ништо.

- Очекував вау, а останав во петти план. Тоа за мене беше шок, но не кренав раце затоа што јас никогаш не се откажувам, вели Дејана и признава дека не се заморува со трачевите за себе. Вели, ништо не ме допира.

- Толку глупости имам прочитано за себе што што и да се напише не ме интересира бидејќи не е точно. Најважно ми е што мислат моите, потекнувам од добро семејство, татко ми е амбасадор, сите ми се правници, доктори... и токму заради нив не би можела и не би смеела да правам некои киксови, додава Дејана и уште вели: - Научив да живеам со овој живот на популарност, сама избрав и што е тука е.

Признава дека не била изневерена или барем да знае за тоа, но вели дека таа била онаа која изневерва

- Многу ретко сум верна и не ми е срам да признаам. Веројатно, не биле вистинските, кога ќе го запознаам вистинскиот, веројатно, ќе се сменам, вели оваа 28-годишна убавица и додава дека со спортистите веќе завршила.

Најдобриот другар и е од Македонија и тој и ветил дека ќе ја носи во Охрид, често одела во Гевгелија, а што уште призна на жешкото столче, погледнете во видеото во продолжение:

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=grA_3ydZOo4[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk