Битолчанката Марија БЛЕСНА на сцената, Карлеуша не бираше зборови за пофалби (ВИДЕО)

Bo последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ посебно внимание привлече Марија Груевска од Битола.
Имено, Марија во златен балски фустан и посебен моден детаљ се издвои од сите кандидати.
Битолчанката се претстави со песните „Чија си“ од Тоше Проески и пијано верзија на „Управо оставјена“ од Јелена Карлеуша.
Жирито имаше само пофални зборови за македонската кандидатка.
-Никогаш во животот немам видено ваква висока мода. Кој дизајнер го правеше ова? Секоја чест, ова е нешто несекојдневно на оваа сцена. Изгледаш како принцеза, а и така пееше. Потполно различна и заслужуваш пофалби, изјави Карлеуша и додаде дека изгледа како Лејди Гага.