logo
logo
logo

Битолчаните Милениум со серенада ќе го одбележат јубилејот (Видео)

Vecer | 26.01.2023

Битолчаните Милениум со серенада ќе го одбележат јубилејот (Видео)

Група „Милениум“ ве води на музичка прошетка низ Битола со нивната серенада – „Ќе те шетам по Широк Сокак“ Битолската група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион, направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна, па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера.

Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола.

„Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“. Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер Даниел Јовески. Во екипата која учествуваа во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески. Видеото за новата битолска серенада е снимано на неколку најпознати градски локации како: Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни.

По „Битола мој роден крај“ „Ако одам во Битола“,„Битола, бабам Битола“…и најновата серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“, ја продолжуа традицијата во која се опејува еден од најубавите, најурбани и најкултурни македонски градови, градот на конзулите и клавирите, прекрасната Битола.

Како тоа звучи и изгледа кога групата „Милениум“ ќе ве носи на музичка прошетка по Широк Сокак, проследете од видеото во продолжение:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk