Пејачката Били Ејлиш објави нов спот за песната Lost Cause, во кој покажа повеќе кожа од вообичаеното.

Имено, самата седумкратна добитничка на Греми го режираше видеото во кое танцува, скока, јаде брза храна и игра Твистер со своите пријатели, додека носи шорцеви и ноќница со длабоко деколте.

19-годишната девојка, која за време на својата кариера истакна дека сака да го сврти вниманието на медиумите од нејзиното тело кон музика и ја сокри фигурата во преголеми маици и широки панталони, ги шокираше обожавателите со ова ново видео.