logo
logo
logo

Видео

Билбилов има нова песна, со текст кој „кине“

Vecer | 26.07.2021

Билбилов има нова песна, со текст кој „кине“

Роберт Билбилов е неуморен! После одличното видео за темата „Нигде не те наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а зад него  стои самиот Роберт (музика и аранжман) и Робин Зимбаков кој го потпишува текстот.

„Ова е проект на којшто сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека и должам на публиката нов носач на звук, открива Билбилов.

Кадрите за видеото за снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска.

„Тоа е таа емоција којашто ја носиш, посебна е!“, „ Секоја песна емоција, како ѕвезди на небо ги редиш“, „ Совршено, делот со виолината фантазија“, „ Се што Роберт ќе скоцка е незаменливо и единствено, побогати сме за уште еден летен хит“... се само дел од коментарите од страна на фановите испишани под видеото.

 

https://www.youtube.com/watch?v=KKoB049yzck

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk