logo
logo
logo

Бил Козби излезе од ЗАТВОР, ЕВЕ како тој изгледа денеска

Vecer | 01.07.2021

Бил Козби излезе од ЗАТВОР, ЕВЕ како тој изгледа денеска

83-годишниот Бил Козби беше осуден на 10 години затвор во 2018 година, но сега е ослободен поради спогодба со поранешен обвинител.

- Никогаш не го сменив ставот или приказната. Јас секогаш тврдев дека сум невин. Благодарност до пријателите и сите што ме поддржуваа во овој тежок период. Посебна благодарност до Врховниот суд во Пенсилванија за правична одлука - напиша тој на својот Твитер.

Врховниот суд утврди дека договорот на Козби со претходниот обвинител, што се случил пред 2018 година, го спречува да биде обвинет за наводна злоупотреба на дрога и злоупотреба во 2004 година.

Со тоа, тој веќе не може да биде суден за тој случај и е слободен човек.

Коментарите под неговиот твит се поделени, а има многу кои сметаат дека тој не е невин:

- Бил, тоа што си ослободен за неправилности во процесот, не е исто со невин. - му пишаа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk