logo
logo
logo

Биковиќ се колне во овој ЛЕК против корона, сега се огласила д-р Капулица: Открила нови детали за лекувањето

Vecer | 15.04.2021

Биковиќ се колне во овој ЛЕК против корона, сега се огласила д-р Капулица: Открила нови детали за лекувањето

Во желба што побрзо да се победи коронавирусот, еден од најпопуларните глумци во Србија, Милош Биковиќ поделил со своите следбеници на Твитер информација дека една руска агенција патентирала спреј за нос МИР-19, за лекување и превенција на корона вирус. Бидејќи живее и работи таму, Биковиќ објаснил дека руските стручњаци, кога ќе се заврши втората фаза на клиничко испитување на спрејот, мерките би можеле да попуштат како и ограничувањата кои моментално се на сила.

Имено, вирусологот проф. др. Нада Куљиќ Капулица, која го остражувала вирусот од корона уште во осудесетите години, објаснува дека овој обид за лекување и превенција од ковид-19 и тоа како е добар.

- Спрејот за нос го спречува дејството на тој прв вирус во организмот. Тоа е паметно размислување на стручњаците кои работат на тоа. Колку ќе биде успешно, сеуште не знаеме, бидејќи не ги знаеме сите детали, како ни хемискиот состав, но секако е едно големо браво за оваа иницијатива и ја подржува секоја идеја. Веќе постои вакцина која се применува преку нос. Овие обиди се навистина добри, а резултаите ќе ги видиме наскоро – тврди др. Капулица,

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk