logo
logo
logo

BGKO пред концертот во Скопје со ветување: Публиката ќе добие емоции на различни нивоа

Vecer | 29.11.2022

BGKO пред концертот во Скопје со ветување: Публиката ќе добие емоции на различни нивоа

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет на концертот закажан на 11 декември во Македонската Филхармонија членовите на составот откриваат дека едвај чекаат да дојдат во Скопје.

„Се ближи нашиот прв настап во земјата која ни даде толку многу музички!! На публиката ѝ ветуваме дека ќе добие емоции од нас на различни нивоа, а ние од истата очекуваме да му покажеме на светот дека сепак ова е БАЛКАН!!! Низ нашиот репертоар за 10 години поминаа многу македонски песни, и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја, затоа и подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!“, велат членовите на БГКО.

Оркестарот на чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија, која пред светот ги изведува магичните интерпретации на безвременскиот класик „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“... во Скопје доаѓа во рамки на одбележувањето на 10 јубилеј, а концертот е закажан со почеток во 20 часот.

Билетите за скопската дружба се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс, и се поделени во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.

Инаку, освен Маргерита Абита, дел од Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија.

Различноста на членовите на бендот, како на географско и културно, така и на музичко ниво, доведува до создавање на веќе препознатлив звук, на кој сме многу горди, но, исто така, и свесни дека ни претстои многу работа, што е една од карактеристиките на нашето постоење и со која ја постигнавме оваа автентичност“, велат членовите на БГКО, кои во Скопје доаѓаат по одличните гостувања низ Германија и Франција, а веќе на почетокот од следната година ги очекуваат концертите низ Шведска, Израел...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk