Без влакна на јазикот: Аца Лукас прв пат зборува за напуштање на Ѕвездите на Гранд

Аца Лукас повеќе не сакал да биде дел од најгледаното музичко шоу Ѕвездите на Гранд, во кое жири седел полни пет години. Додека во медиумите се шпекулира дека оваа одлука ја донел после кавга со некои колеги но и со директорот на оваа продукција Сапа Поповиќ, Лукас ги открива вистинските причини за заминувањето.

- Не сум во жири бидејќи не ми се седи повеќе таму, доста беше. Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден – изјавил пеачот додавајќи дека вистинската причина никогаш нема да се открие.
- Само Саша и јас ја знаеме причината и што се однесува до мене, таа за стално ќе остане тајна. Му испратив една подолга порака во која напишав се што имав и му соопштив да не смета на мене оваа сезона. Што се однесува на содржината на преписката никогаш нема да излезе во јавност – оркрива Лукас.

  

Тој смета дека Поповиќ направил грешка кога му барал замена.

- Подобро никого да не повикаше да седи на моето место, отколку што го ангажирал Ѓорѓе Давид. Голема е разликата во нашите карактери, принципи и начин на жирирање, но и луѓето постојано ќе го споредуваат со мене. Јас бев подготвен со секого да влезам во дуел, тој е поразличен тип. Него го познавам најмногу од останатите членови во жирито и имам изградено мислење за него – искрајно зборувал Лукас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари