Анастасија Богданоска или како што милува да ја нарекуваат, Деа и официјално го кажа судбоносното ДА на нејзиниот избраник Богдан Илиевски - Бетмен.
Свадбената прослава на Бетмен и Анастасија се совпадна со првиот роденден на нивната ќеркичка Дениција, која ја дувна првата роденденска свеќичка на прославата во Охрид.
Анастасија и Бетмен својата расост ја споделија со своите најблиски пријатели, а меѓу нив беа и неговите колеги од иницијативата „За заедничка Македонија“, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски. Меѓу гостите беше и неговиот пријател актерот Тони Михајловски со сопругата.