logo
logo
logo

Денес би имал 81 година

Беше вообразен и нарцисоиден, а поради неговата романса со Јоко, се распадна најголемиот бенд во историјата

Vecer | 09.10.2021

Беше вообразен и нарцисоиден, а поради неговата романса со Јоко, се распадна најголемиот бенд во историјата

Секоја година, фановите на Битлси и Џон Ленон слават два датуми. Неговото раѓање на 9 октомври и неговата трагична смрт на 8 декември. Токму денеска славниот музичар ќе го прославеше својот 81 роденден. Но, бидејќи тој не е помеѓу живите, неговите обожуватели ќе го сторат тоа во негово име, прославата ќе трае до почетокот на декември, кога повторно започнува жалоста.

Тој црташе, сликаше, бегаше од часови и нервираше професори. На поттик на неговата тетка, директорот напишал препорака да оди на Ливерпулската ликовна академија.

Со неколку пријатели, во 1955 година, тој исто така ја формираше својата прва група, The Quarrymen. Еден колега од групата, Иван Вон, го запозна со Пол Макартни во 1957. Двајцата брзо „кликнаа“, Џорџ Харисон им се придружи и ги основаа Битлси. Откако им се придружи и Ринго Стар во 1962 година, бендот процвета.

Албуми, награди, признанија, концерти, орди обожаватели, сите тие го постигнаа тоа како бенд. Но, тоа не беше доволно за Ленон. Тој беше одличен музичар, но како личност беше сосема спротивен. За оние што го познаваат добро, тој беше обичен позер, мегаломан, нарцисоиден егоцентрик.

Ленон најмногу сакаше пари и богатство. Кога менаџерот на Битлси, Брајан Епштајн, го договори првиот договор со ЕМИ, Ленон му постави само едно прашање: Кога ќе бидеме милионери?

Но, Битлси, и покрај славата и се околу нив, се распаднаа во 1970 година. Многумина ја обвинија фаталната Јоко Оно, во која Џон беше заљубен од 1966 година, за распадот.

Џон и Јоко Оно беа баснословно богати. Тие постојано беа опкружени со собарки, масери, помошници, гатачи, тарот гледачи, мајстори за акупунктура.

Ленон ја напиша песната „Imagine”“ од нивниот луксузен дом. Куќата во престижниот Аскот, која заедно со градината се протегала на 72 хектари земја, ја купија од британски милионер, сопственик на познатата фабрика за чоколади „Кадбери“.

Последните години од животот ги помина во Њујорк, во луксузен стан со поглед на Централ Парк. Ленон го поседуваше замокот Холштајн, колекција од древни египетски артефакти, оригинални слики на Реноар. Пријателите и семејството беа шокирани од тоа колку пари музичарот фрла непотребно.

На крајот,  на Џон му пресуди обожувателот Марк Чепмен откако му даде автограм на  веќе споменатиот 8 декември 1980 година. Тој се враќаше дома по снимањето на новиот албум, кој никогаш не успеа да го претстави јавно ...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk