logo
logo
logo

Беше ПСИХИЧКИ ПОРЕМЕТЕН! Којзнае со што се го труеја: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ за Мајкл Џексон

Vecer | 04.08.2022

Беше ПСИХИЧКИ ПОРЕМЕТЕН! Којзнае со што се го труеја: ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ за Мајкл Џексон

Елтон Џон напиша шокантна биографија полна со незгодни и скандалозни детали од светот на шоу-бизнисот, додека во еден дел особено „распалил“ по Мајкл Џексон:

„Го познавав Мајкл уште од 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но во одреден момент во годините што следуваа почна да се одвојува од светот и реалноста, како што тоа го правеше Елвис Присли", напишал Елтон Џон во својата автобиографија, пренесува Yahoo. Елтон во книгата зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

„Господ знае што се случуваше во неговата глава, и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога го гледав во неговите подоцнежни години, се враќав мислејќи дека кутриот тотално ги изгубил нервите. Не го мислам тоа на безгрижен начин... Тој беше навистина ментално болен, вознемирувачка личност“, напишал познатиот пејач.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Кога излезе документарниот филм „Leaving Neverland“, кој ги истражуваше несоодветните односи на Џексон со децата и го обвини за сексуална злоупотреба, Елтон го игнорираше и за Џексон рече: „Изгледаше како да не знае како да се однесува во друштво на возрасни.“

Автобиографијата вклучува голем број други анегдоти, вклучително и приредување вечера на која Силвестер Сталоне и Ричард Гир за малку ќе се скарале поради принцезата Дијана, дружењето со кралицата, неговата расправија со Тина Тарнер и неговиот тежок однос со мајка му, за која вели дека му е мило што никогаш не ги запознала неговите деца.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk