logo
logo
logo

Беше обожавана поп-ѕвезда, а потоа дрогата, алкохолот и депресијата ја повлекоа на дното: Денес никој не ја препознава!

Vecer | 16.10.2021

Беше обожавана поп-ѕвезда, а потоа дрогата, алкохолот и депресијата ја повлекоа на дното: Денес никој не ја препознава!

Американската пејачка Деми Ловато (29) била фотографирана во Западен Холивуд во друштво на најпознатата наследничка Парис Хилтон. Меѓутоа, малкумина успеале да ја препознаат славната музичарка.

Поранешната ѕвезда на Дизни во оваа пригода ја покажала популарната фризура „фудбалерка“, а папараците ја уловиле во долга карирана кошула и црни чорапи.

Деми со години се бореше против зависноста од дрога и алкохол. Во јули 2018 година поп-ѕвездата била пронајдена без свест во својот дом во Лос Анџелес само еден месец откако открила дека ја прекршила трезвеноста. Поминала две недели во болница, а потоа и во клиника за одвикнување.

Се борела и против депресија, а имала и нарушување во исхраната, кое било причината за сето тоа што ѝ се случило.

„Се обидував да му кажам на светот дека сум задоволна од себе, што не беше вистина. Живеев во лага. Многу е тешко кога живеете опкружени со луѓе кои ви кажуваат како мора да изгледате“, зборувала своевремено пејачката.

Неодамна, во документарен филм откри дека била силувана како тинејџерка. Никогаш не ги криела своите проблеми, а еден од нив бил и односот со татко ѝ Патрик, кој бил насилен кон неа и мајка ѝ.

„Беше зол, но сакаше да биде добар човек. Сакаше да го спаси семејството, но сепак кажа дека е среќен за мајка ми кога таа повторно се омажи“, раскажала Ловато во едно интервју иако не зборувала со татко ѝ.

Тој починал во 2013 година од последици на рак, по што пејачката открила дека бил и психички болен.

Минатата година Деми ја објави свршувачката со партнерот Макс Ехрик, но кратко потоа двојката се раздели. Се шушка дека причината за раскинувањето била пејачката Селена Гомез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk