Изгледам како нормална 40-годишничка. Изгледам како да треба да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав кога имав 21 година", изјавила Кели во една прилика.
Поранешната манекенка и водителка Кели Брук (41) пред неколку години ја доби титулата за најсекси жена на светот, а сега гордо ги истакнува бујните облини кои ги доби заедно со некој килограм вишок.
View this post on Instagram
Иако на некои од нејзините фанови не им се допаѓа промената, Кели е апсолутно задоволна со своето тело и со задоволство се фотографира и потоа објавува на социјалните мрежи.
Обожавателите на поранешната манекенка и водителка веќе и дадоа до знаење дека сметаат дека треба да поработи на себе и дека претходно изгледала многу подобро. Сепак, ваквите коментари не ја засегаат, бидејќи ретко одговара на некакви провокации.
View this post on Instagram
Кели неодамна зборуваше за тоа како се чувствува откако стана мета на хејтери на социјалните мрежи поради вишокот килограми.
„Изгледам како нормална 40-годишна девојка. Изгледам како да треба да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав кога имав 21 година, ниту пак сакам да бидам таа девојка“, рекла таа.
Коментирала дека би сакала да го заборави периодот кога била слаба и дека не сака повторно да ги намали тие килограми.
View this post on Instagram
„Не сакам да ги изгубам градите. Не сакам да бидам слаба. Кога бев слаба тоа беше најмногу поради стрес и депресија", отворено изјавила Кели.
На наговор на нејзината мајка и момче одлучила дека ќе ослабне неколку килограми со строга диета и вежбање.
Се чувствувам задоволно во моето тело и тоа има многу предности“, изјавила во едно интервју и признала дека станала посигурна, особено во кревет.
Таа се уште не се грижи за непријатните коментари на социјалните мрежи и вели дека е „посреќна од било кога“.
View this post on Instagram