Нивната љубов за холивутски услови делува невистинита

Беше келнерка со дете од првиот брак, а тој ја сакше само неа

Исто како и Николас Кејџ, познат миленик на жените, Мет Дајмон се оженил со обична жена, Лусијана Баросо. Таа била келнерка, а тој славен глумец. Сепак тоа не ги спречило да се венчаат, а спрема мислењето на Дајмонд, тоа ја одражало нивната љубов, бидејќи да биле двајцата познати, интересот на медиумите за нивната врска би се зголемил, со што притисокот би бил неизбежен.

Нивната љубов за холивутски услови делува невистинита. Се мисли дека се ретки, бидејќи таа ја пронашла својата сродна душа во сетот на познатите.

Мет ја запознач Лусијана, која по потекло е од Аргентина, 2003 година во еден бар во Мајами.

"Буквално останав без збориви кога ја здогледав во големата гужва. Да не се случеше тоа незнам како би се сретнале во животот", се присетува глумецот на тој момент.

После две години парот се верил, а во декември 2005 се венчале со мала приватна церемонија на Менхетн.

На славниот глумец не му сметало што Лусијана била келнерка, ни тоа што има ќерка од предходен брак, Пред да ја запозне Дајмон, таа се развела. Нејзиниот бивши маж никогаш ништо лошо не рекол за неа пред медиумите, нити за Дајнон, напротив секогаш им порачувал и посакува се најдобро во животот.

После една година од венчањето парот ја добива првата ќерка Изабела, потоа по две години, втората ќерка Гиј Завал, и после две години, третата ќерка Стела Завал.

Таблоидите никогаш не биле полни со скандали предизвикани од овој пар. Мет во една прилика убаво објаснил:

"Не додаваме масло на огон, не ја изневерувам својата жена, не постојат работи за кои може било што да се зборувало. И кога новинарите би ме прашале, ќе ја добијат истата проказна, средовечен оженет маж со четири деца...

Мет и неговата сопруга имаат едно правило никогаш да не се одвоени повеќе од две недели еден од друг.

"Мислам дека мора да поминувате време со лице кое го сакате. Мојата сопруга е моја сродна душа. Не сакам кога сме одвоени" рекол Мет.

Лусијана ретко дава интервју за медиуми или да зборува за нивниот привате живот. Можете да ја видете секогаш со Мет на црвениот тепих или на прошетка со славниот глумец и нивните четири ќерки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари