logo
logo
logo

Бен Афлек ПОВТОРНО ќе ја запроси Џенифер Лопез?!

Vecer | 23.06.2021

Бен Афлек ПОВТОРНО ќе ја запроси Џенифер Лопез?!

Холивудската двојка ја обнови врската во мај, 17 години откако славно ја раскинаа свршувачката само еден ден пред венчавката во 2003 година, а сега Бен Афлек повторно планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот 52 роденден, кој ќе го прослави следниот месец, тврди извор близок до парот.

Наводно парот продолжил таму каде што застанале пред неколку години и сега бараат заедничка иднина.

„Бен сака да ѝ даде уште една шанса на нивната љубов и планира романтичен предлог на 52-от роденден на пејачката на 24 јули“, изјавил изворот за списанието „Клосер“.

Пред тоа, Бен ја запроси Џенифер со розов прстен со дијамант од 6,1 карати во 2002 година по двомесечна врска. Парот го наведе прекумерното внимание на медиумите како причина за нивното раскинување.

Пет месеци по раскинувањето, Џенифер се омажи со пејачот Марк  Ентони, со кого има близнаци. Пред Марк, таа беше омажена за келнерот Ојани Ноа и танчерот Крис Џудо. Двата брака траеја околу една година.

Бен се омажи со холивудската актерка Џенифер Гарнер по раскинувањето со Лопез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk