Актерот влета во кадарот на колегата Џејсон Бејтмен и неговата сопруга Аманда Анки на црвениот тепих и правеше гримаси, а парот не можеше да се воздржи, а да не се насмее.

Актерот позираше и со сопругата Џенифер Лопез. Пејачката и актерка носеше долг фустан во неонска нијанса во комплет со кристали, додека Афлек избра класичен костум во темно сина боја. Парот се бакнуваше и прегрнуваше на црвениот тепих пред фотографите.

50-годишникот ја режираше биографската спортска драма во соработка со неговиот долгогодишен колега Мет Дејмон, која се фокусира на потеклото на одличната соработка помеѓу спортскиот бренд Најк и легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Актерите исто така играат главни улоги во филмот, а Дејмон ја игра улогата на извршниот директор на Nike, Сони Вакаро, додека Афлек ја игра улогата на ко-основачот Фил Најт. Остатокот од ол-стар актерската екипа ги вклучува Џејсон Бејтмен, Крис Такер и Виола Дејвис.