logo
logo
logo

Белорусија е аут: Со песна со политички пораки не може на Евровизија

Vecer | 27.03.2021

Белорусија е аут: Со песна со политички пораки не може на Евровизија

Европската радиодифузна унија ја дисквалификува Белорусија од овогодишниот „Евросонг“ бидејќи оцени дека ниту една од песните кои државата ги испрати на натпреварот не ги исполнуваат критериумите поради политичка обоеност.

Првично Белорусија испрати една песна за натпреварот, но на 10 март беше предупредена од ЕБУ да преземе мерки за песната да биде во рамки на критериумите, бидејќи песната „Јас ќе те научам“ со нејзината содржина „ја загрозува аполитичката природа на овој фестивал“.

После тоа, Белорусија предложи нова песна, од истите уметници, во договорениот рок, а откако ЕБУ и Главниот одбор на настанот внимателно ја преслушале и анализирале, закличиле дека и оваа, новата песна, не ги исполнува условите.

„Беше заклучено дека новата песна ги крши правилата на натпреварот, кои обезбедуваат настанот да не биде инструментализиран или неговата аполитичка природа да биде доведена во прашање“,се вели во соопштението на ЕБУ.

Она што е спорно во песната е дека во дел од текстот се пронижува политичка порака која повикува на справување со опозицијата во земјата.

Бидејќи Белорусија не предложи песна во согласност со правилата во продолжениот рок, земјата нема да учествува на 65. „Евровизија“ во мај.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk