logo
logo
logo

ОД ВРВОТ ДО ДНОТО

БЕБИ ДОЛ се храни во народна кујна, а беше ГОЛЕМА ЅВЕЗДА!

Vecer | 02.06.2023

БЕБИ ДОЛ се храни во народна кујна, а беше ГОЛЕМА ЅВЕЗДА!

Пејачката Бејби Дол долго ја нема во јавноста, па многумина се прашуваат каде е и што прави за една од најголемите поп ѕвезди на стара Југославија.

Иако се шпекулираше дека Беби ќе учествува во реалното шоу „Задруга 6“, тоа не се случи, а приказните кои веќе подолго време кружат низ естрадните кулоари дека пејачката е во тешка финансиска ситуација, би можеле да бидат потврдени со фактот дека таа наводно неодамна била виден како зема храна во еднанародна кујна во Белград. Дури и еден од волонтерите кој работи во таа народна кујна потврдил дека пејачката ја видел неколку пати како јаде кај нив.

- Два-три пати доаѓаше овде да земе храна. Не сум сигурен дали го земаше оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Физички е многу сменета. Многу ослабела, се чини како едвај да стои на нозе. Ја препознав по косата и специфичниот глас. Навистина изгледаше тажно, рекол тој за медиумите во соседството.

Некои од пријателите на пејачката рекле дека веќе некое време не знаат ништо за неа и дека не се свесни оти пејачката е во толку лоша финансиска состојба за да мора да се храни во народна кујната.

 

Bebi Dol, Combo

- Загрижени сме за Беби. Доста е пропадната, семејните проблеми околу болеста на нејзината мајка и тетка оставија длабока трага на неа. Никој веќе некое време не е во контакт со неа. Во последно време му се посвети на семејството, тоа и беше приоритет. Многу се грижеше за мајка си Магдалена, која беше тешко болна, а потоа се разболе и нејзината тетка. Сè падна врз неа. Одеше од едната до другата. Нејзиниот живот стана многу хаотичен. Што се однесува до нејзиниот брак со Алекса, мислам дека се е во ред таму. Не се пожалила. Се чини, дека се збогуваше со музиката. Сега владеат некои трендови во кои таа не се снаоѓа. Се израдувавме кога ни кажа дека подготвува нова музика за Нова година, но како што можете да видите, ништо од тоа. Се надевам дека се ќе се реши и дека повторно ќе биде старата Беби, рекла нејзина пријателка.

Беби на нејзино инсистирање пред неколку години беше дел од реално шоу на Пинк. Таму го гледала единствениот спас за финансиските тешкотии со кои тогаш се бореше, па стапила во контакт со продуцентите и се понудила како натпреварувач бидејќи парите и биле итно потребни. Таа и нејзиниот сопруг тогаш останаа на улица бидејќи не плаќале кирија, па сопственикот на станот ги избркал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk