logo
logo
logo

БАРБИ и се е можно: Јавноста ја руга, а таа се фали ја постигнала целта!

Vecer | 14.06.2021

БАРБИ и се е можно: Јавноста ја руга, а таа се фали ја постигнала целта!

Не изигравај ми дистанца... сакам да ме учиш медицина како се става вакцина... извади ти маска... допри ме во душа... не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс...може да е опасно ковид и секс... ова е дел од текстот од најновата песна на Сања Барбика која „ја потресе“ јавноста, а ја прерадува пејачката, која се фали дека ја постигнала целта.

Која цел?! Зарем остварена цел е да добиеш прегледи затоа што ти се потсмеваат?! Ако е тоа маркетинг, ок се извинуваме од тоа предавање очигледно сме избегале.

„Прашината“ која се кренала во јавноста за Цинцева е среќа и таа вели: „Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим.“

И после зошто сцената ни е таму каде што е?! Зошто најголем успех е локална биртија, зошто соседите прават концертишта и го собираат медот... има уште 1000 зошто, а само едно ЗАТОА, и еве го.

Секој понатамошен коментар овде е одвишен слушнете ја темата (гратис „маркетинг“ еве и од нас), па проценете дали нашето уво е затнато и дали овде одлично би се вклопила онаа мудрост од соседството - „Уби ме туѓа срамота!“

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=BKSAF4W4eN0[/embed]

Колку за илустрација еве што велат коментарите под видеото, а објавуваме само дел, и тоа цензуириран:

После ова ги прифаќам сите теории на заговор за вакцините!... Ако ова е направено од сатирични прични, голем респект од мене... Со која вакцина е вакцинирана? Не верував за нуспојави од вакцините, ама еве имало.. Како трајно оштетување ова ми изгледа .. Дали озбилно у спотов она се пали од вакцината...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk