Познатата пејачка Аријана Гранде им оддаде почит на луѓето кои беа убиени во терористички напад на нејзиниот концерт во Манчестер, Англија, во 2017 година.
На својот инстаграм профил, пејачката напиша дека честопати мисли на нив.
View this post on Instagram
„Иако тагата секогаш ќе биде присутна, нашиот однос со неа постојано се развива и се манифестира на различни начини секој ден, секоја година… Знам дека и оваа година нема да биде лесна“, напиша Аријана на својот инстаграм – профил.
Потоа, пејачката ги наведе имињата на 22 лица кои беа убиени во самоубиствен бомбашки напад извршен на 22.05.2017 година од страна на исламистички екстремист на крајот од нејзиниот концерт во арената во Манчестер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата