logo
logo
logo

Анџелина го продала имотот на руски олигарх, а сега Бред го обвинува за тоа

Vecer | 09.12.2022

Анџелина го продала имотот на руски олигарх, а сега Бред го обвинува за тоа

Оправдувајќи ја својата одлука да го продаде уделот од заедничката винарија на трето лице, актерката рече дека тоа го направила во интерес на своите деца и семејството.

Додека адвокатите на двете холивудски ѕвезди се борат околу винаријата во Франција вредна 250 милиони долари, Анџелина испратила писмена изјава до судот во која се вели дека тврдењата на нејзиниот поранешен сопруг се „несериозни, злонамерни и дел од неговото проблематично однесување“. Во судските документи до кои дошле американските медиуми пишува дека Бред Пит тврдел оти тие двајца имале договор ниту еден од нив да не го продава својот удел од винаријата без да се консултираат еден со друг, а таа го прекршила договорот со продажбата на својот дел на руски олигарх, и за тоа не го известила ниту бившиот сопруг.

Актерката нагласила дека одлуката за продажбата била многу емотивна за неа, но дека повеќе не сака да има никаква врска со тоа место.

- На тоа место ги добивме близнаците, таму се венчавме, покрај спомен плочата што ја поставивме во знак на сеќавање на мајка ми. Тоа е местото каде, како што верував, ќе остариме. Тоа за мене беа премногу емоции, плачам и сега додека го пишувам ова - напишала Анџелина оправдувајќи ја својата одлука да го продаде својот удел од винаријата.

Таа нагласи дека таму започнал крајот на нивниот брак.

- Верував дека винаријата е нешто што ќе нè држи заедно... Со отворањето на винаријата тој беше фокусиран на бизнисот со алкохол, а тоа беше почеток на крајот на нашето семејство – додаде актерката.

Анџелина нагласила дека последните четири години пред продажбата на својот удел била целосно исклучена од работата на винаријата, а заработените пари се трошеле на начин што таа не го одобрувала.

- Сфатив дека мојата одлука да го продадам мојот дел е поздрава за нашите деца... Не можам да бидам вклучена ниту приватно ниту јавно во бизнис кој се заснова на алкохол, особено што знам колку однесувањето во алкохолизирана состојба му наштети на моето семејство. Затоа решив дека повеќе не сакам да бидам дел од такво нешто, заради доброто на моите деца и семејството – нагласила Џоли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk