logo
logo
logo

АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ТЕШКА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА! Пејачката за 3 години пеење заработила цело богатство

Vecer | 14.10.2021

АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ТЕШКА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА! Пејачката за 3 години пеење заработила цело богатство

Анастасија Ражнатовиќ од своите седум песни, кои се објавени на Јутјуб и на најпопуларните стримнг платформи досега заработила повеќе од 500.000 евра.

Како што пренесуваат медиумите, ќерката на Цеца од основањето на свој Јутјуб канал 11 јуни 2018 година до сега од овој сервис заработила 240 милиони евра, бидејќи нејзините спотови досега прегледани нешто помалку од 240 милиони пати. До овој број лесно се доаѓа ако е познат фактот дека за милион прегледи на Јутјуб се плаќа во просек околу 1.000 евра.

Бидејќи Анастасија својата музичка кариера ја започнала кога монетизацијата, односно заработка од прегледи, веќе била во полн ек, јасно е дека одлично се офајдила од своите прегледи.

Сепак далеку повеќе се заработуува од преслушување и симање музика од останатите дигитални платформи на кои Анастасија е исто така присутна и многу полуларна, и кога да се појавела со нова песна секогаш била во 100. најслушани во Србија. Цената за милион стримови се движи во просек од 3.000 до 3.500 евра.

Покрај овие две платформи, Анастасија е присутна на уште неколку, кои во Србија се далеку попопуларни и слушани, така што со проста математика се доаѓа до заклучок дека ќерката на Цеца за помалку од три години кариера заработила преку половина милион евра. Ова секако е многу голем успех ако се има во предвид дека Анастасија се уште непочнала да настапува по клубови.

Овде треба да се нагласи и тоа дека изведувачот не ја добива комплетната заработена сума од овие платформи, тој зема само 40 отсто од заработка на прегледите. Сепак, бидејќи Анастасија е ексклузивец на "Ceca mjuzika", јасно е дека и овде младата пејачка е во подобра позиција од своите колеги. Исто така и на оваа сума се плаќа данок, бидејќи се оди преку официјална сметка како и тоа дека одреден процент од заработката оди на дигиталниот дистрибутер, преку кој музиката се пласира на одредени сервиси

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk