Анастасија го загубила бебето, Гудељ ја објавил тажната вест: ОВА Е БОЛЕН МОМЕНТ

Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето, а тажната вест ја соопшти нејзиното момче Немања Гудељ. Пред неколку недели парот ја објави радосната вест дека Анастасија е бремена, но, за жал, бременоста e прекината.
Како што наведе славниот фудбалер во објава на Инстаграм, „ова е болен момент“ за нив и додаl дека нивната „љубовта ќе победи“.
„Сo вас ги поделивме убавите вести и бевте со нас со целото срце, честитки и пораки. Ви благодариме за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање што не сакаме да зборуваме за тоа. На наше големо жалење јас и Анастасија го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напишал Гудељ на својот Инстаграм-профил.