Луна Џогани, поранешната Задругарка и ќерка на Анабела Атијас и Гаги Џогани, денес на свет го донесе своето прво дете, ќерката Миа.
Луна се породи пред малку во Народен фронт во Белград, а ова и е прво дете. Инаку, таа неодамна се омажи за Марко Миљковиќ, со кого врската ја почна токму во споменатото реално шоу.
- Се помина како што треба, и Луна и бебето се одлично. Сега одмора, рекол извор од болницата за српските медиуми.
Засега никој од семејството не се огласил, но познато е дека меѓу нив владее вистински карамбол, поточно меѓу Марко и Анабела која никогаш не ја прифати нивната врска и имаа жестоки кавги во Задруга.