Зад нив Огнен и Тара

Анабела и Зоран - апсолутни победници на првата полфинална вечер на "Макфест"

Годинава за разлика од претходните, изведувачите пееја на матрици, а изостана оркестарот во живо. Како домаќин на сцената кој ја водеше програмата се појави водителот Димитар Атанасовски кој не е првпат во оваа улога.

Градот под Исарот и годинава традиционално го започна фестивалот на забавна мелодија „Макфест 2017".

Годинава за разлика од претходните, изведувачите пееја на матрици, а изостана оркестарот во живо. Како домаќин на сцената кој ја водеше програмата се појави водителот Димитар Атанасовски кој не е првпат во оваа улога.

На сцената од првата полуфинална вечер беа претставени вкупно 14 композиции, како на домашни познати пејачи, дебитанти, но и гости од странство.

По гласањето, песната „Од утро до вечер" на штипскиот пејач Зоран Илиев заедно со српската пејачка Анабела Атијас, достигна на првото место и пласман во финалната вечер со освоени 21 поен.

Зад нив, односно на втората позиција се најде Огнен Здравковски , а трет беше Александар Тарабунов со песната „Ако заминеш". 

Вечерва е второто полуфинале, а за во сабота е закажана финалната вечер каде ќе се знаат и имињата на наградените кои ќе добијат парични награди. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари