logo
logo
logo

Ана Бекута НЕ САКА ДА ГИ ОТКАЖЕ НАСТАПИТЕ поради лошата здравствена состојба на Мркa

Vecer | 21.11.2021

Ана Бекута НЕ САКА ДА ГИ ОТКАЖЕ НАСТАПИТЕ поради лошата здравствена состојба на Мркa

Ана Бекута длабоко верува дека нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ ќе се опорави и ќе излезе од болница. Токму поради ваквата состојба менаџерите на Бекута и предложиле да го откаже настапот кој во среда е закажан во еден белградски клуб, но таа категорички одбила. Не сакала да шири негативна енергија и верува дека на Мркоњиќ ќе му биде добро, иако моменталната ситуација е многу лоша.

- Ана во среда има настап во еден клуб во Белград. Менаџерите ја прашале дали сака да и го откажат настапот поради здравствената состојба, а таа им рекла дерка не сака ни да слушне за тоа. “Мојот Мрка ќе се опорави, тој е силен. Ќе биде добар“ им рекла Ана, вели изворот.

Тој наведува дека Ана многу се грижи за здравјето на Мркоњиќ и се труди секој момент да размислува позитивно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk