Пејачот Дарко Лазиќ комплетно го смени изгледот и од 142 кг дојде до 72, што е неговата моментална тежина. Пејачот успеал да симне 70 кг за осум месеци, па рекол дека иако сега е слаб и згоден најубавите жени ги имал кога бил дебел.
„Најубавите жени ги имав тогаш. Јас сам со себе не би бил како изгледав, да бидам искрен. Секогаш ми велеа дека сакаат буцковци, мечиња...“, рекол Дарко за време на гостувањето во една емисија.
На ова свој коментар имал водителот Огнен Амиџиќ кој му рекол: „Да не си познат и богат би рекле свиња, не мече!“