logo
logo
logo

Алка Вуица: Калиопи и Влатко Стефановски се моите македонски пријатели

Vecer | 16.06.2021

Алка Вуица: Калиопи и Влатко Стефановски се моите македонски пријатели

Алка Вуица периодов ја промовира новата песна со наслов „Луѓакиња“ за која вели дека е најава за новиот студиски материјал што треба да излезе на есен. Вели, има многу планови кога е работата во прашање, но сето нејзино внимание сега е насочено кон албумот.

Во разговорот за Вечер.мк, Вуица вели дека освен на албумот, работи и на финиширање на новата збирка поезија.

- На есен може да го очекувате мојот нов албум со 10 нови песни и затоа периодов сум фокусирана на работата на него. Едвај чекам да биде се готово, вели Алка и додава дека можеби токму новиот материјал ќе биде повод за дружба со македонската публика со која, вели, долго не се видела.

- Навистина долго, долго не сум била во Маедонија и се зажелев да дојдам затоа што ја сакам вашата земја и секогаш се радувам на патувањата кај вас. А ми се чини дека не сум била, па сигурно има 7-8 години. Прва асоцијација на Македонија ми се прекрасните пријатели како што е Калиопи, Влатко Стефановски... Добрата храна, добрата забава, прекрасната земја со топло срце која навистина многу ја сакам и едвај чекам повторно да дојдам, вели Алка и додава оти е среќна што се гледа крајот на ова зло кое не спречи нормално да живееме во изминатата година и половина.

Инаку, интересно е дека темата „Луѓакиња“ („Luđakinja“) е соработка со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот Фрајле, која по заминувањето од составот реши максимално да и се посвети на авторската работа.

- Таа е вистинска женска химна. Тоа е песна која ќе остане и долго ќе се слуша. Со Марија како композитор сум соработувала и порано, но ова е нешто сосема поинакво од она што сме го правеле, прилично е кантавторски и лично. Мило ми е што токму оваа тема е одбрана за прв сингл“, рече Алка по пуштањето на песната во етерот.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0JMsg2900Gs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk