logo
logo
logo

Алекс Родригез конечно проговори за прекинот на свршувачката со Џеј Ло

Vecer | 02.10.2022

Алекс Родригез конечно проговори за прекинот на свршувачката со Џеј Ло

Родригез и Лопез раскинаа во април 2021 година по четири години врска, а набргу потоа таа започна врска со својата стара љубов, актерот Бен Афлек, со кого сега е во брак.

„Искрено, дали ти пречи што само неколку дена по раскинувањето таа беше видена со Бен Афлек и на крајот се омажи за него, а не за тебе?“, го праша Валас.

„Прво, би сакал да кажам дека ми е мило што никогаш нема да бидам претседателски кандидат бидејќи тоа би ме убило“, шеговито му одговорил Родригез, а потоа продолжил: „Види, тоа со Џенифер беше добро искуство. И за неа и за нејзините деца кои се паметни, убави и прекрасни, им посакувам сѐ најдобро“.

„Тоа е тоа?“ го праша Валас.

„Тоа е тоа“, одговори Родригез.

И тоа не беше единствениот момент кога Родригез се почувствува како да е на жешкото столче. Валас, исто така, ја прашал поранешната ѕвезда на Јенки дали е добар материјал за брак. Родригез, кој некогаш беше во брак со Синтија Скуртис, со која има две деца и се разведе, имал бројни врски, меѓу кои и оние со познатите ѕвезди - Мадона, Камерон Дијаз и Кејт Хадсон.

„Дали мислиш дека си добар материјал за маж? Или мислиш дека искрено сакаш да бркаш жени?“, праша водителот.

„Мислам дека кога ќе го погледнете мојот живот, Крис, ќе се сетите дека спомнав дека кога имав 15 години, Sports Illustrated ме нарекуваше најдобар играч во земјата. А во тоа време јас бев Алекс Родригез. И тогаш некаде патем, на 24 години добивам договор од 250 милиони долари и веројатно тогаш малку излегов од шините и станав А-Род“, објасни Родригез, додавајќи дека за време на неговите 20-ти и 30-ти веројатно не бил баш „најдоброто момче“.

„Мислам дека ќе бидам прекрасен партнер или сопруг и татко поради сите лекции што ги научив од моите најголеми грешки во животот“, додаде Родригез, кој потсети на срамната суспензија од 2014 година поради допинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk