logo
logo
logo

Алек Болдвин можеби ја убил снимателката со рециклиран куршум

Vecer | 01.12.2021

Алек Болдвин можеби ја убил снимателката со рециклиран куршум

За време на снимањето на филмот, снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21 октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет откако актерот Алек Болдвин испука пробен истрел од пиштол. Судските документи вклучуваат и налог за претрес на локалната продавница за муниција и филмските реквизити.

Сопственикот на продавницата и рекол на полицијата дека се сомневал дека куршумите, кои биле пронајдени на филмскиот сет, всушност биле рециклирана муниција што ја добил од пријател. Но, сепак главното прашање останува како вистински куршум наместо во маневарска муниција завршил во пиштолот.

Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на придружниот тим покренаа граѓанска тужба во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание. Болдвин рече дека неговото срце е скршено и дека соработува со истражителите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk