logo
logo
logo

Ал Пачино прв пат се огласи за бебето, кое го чека на 83 годишна возраст

Vecer | 08.06.2023

Ал Пачино прв пат се огласи за бебето, кое го чека на 83 годишна возраст

"Ова е посебно чувство. Секогаш е посебно чувство, имам многу деца. Но, ова е многу посебно бидејќи доаѓа во ова време", изјавил Пачино за Дејли Меил. Вели и дека не го знае полот на бебето. „Многу“ деца во случајот на Пачино се три деца од претходните врски - 33-годишната ќерка Џули и 22-годишните близнаци Антон и Оливија.

Пачино го чека четвртото дете со 54 години помладата девојка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29), која моментално е во осмиот месец од бременоста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Американските таблоиди пишуваат дека на почетокот легендарниот актер се сомневал во своето татковство и побарал ДНК тест. Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој најчесто предизвикува неплодност.

Нур направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот за медиумите изјавил дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена. Двојката е во врска две години, а првпат заедно биле видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска завршила во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно била поврзана со Клинт Иствуд.

"Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна", изјави еднаш Нур во интервју за Hello за нејзината врска со фронтменот на Ролинг Стоунс. Пачино може да сподели совети за родителство со неговиот колега Роберт Де Ниро, кој неодамна доби дете на 79-годишна возраст.

"Тој е неколку години постар од мене. Господ да го благослови", рекол Де Ниро кога дознал дека и Пачино чека бебе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk