Ќе подготвува мекици

Актерот Сашко Коцев стана татко

Смиљана се породи во една од скопските болници.

Нашиот познат актер Сашко Коцев и неговата сопруга Смиљана вчера станаа родители, добија ќеркичка.

Со тоа е крунисана долгогодишната љубов на овој познат македонски пар.

Тие станаа родители откако Смиљана се породи во една од скопските болници.

Сашко ја побара Смиљана за жена пред неколку години на "Златна бубамара на популарноста", кога пред телевизиските камери направи вистинска мала претстава.

Нека им е честито.

Поврзани

Најнови вести

Коментари