Актерот Џона Хил стана татко

Не се соопштуваат повеќе детали за детето.
Хил не присуствуваше на свадбата на неговата сестра Бини Фелдштајн на 20 мај. Го немаше на ниту една фотографија од венчавката, па почна да се шушка дека е отсутен поради проширување на семејството, што се покажа како точно.
Неговата девојка првпат била видена со труднички стомак на крајот на март во Калифорнија. Оливија е ко-сопственичка на онлајн продавница за винтиџ, а првпат беше фотографирана со Џона минатиот септември во Санта Барбара.
39-годишниот актер е најпознат по 21 Jump Street, 22 Jump Street, The Wolf of Wall Street, War Dogs Superbad, а неодамна глумеше и во You People на Netflix заедно со Еди Марфи. Пред Оливија, Џона беше свршен со менаџерката Гаина Сантос, но таа врска заврши во 2020 година.
Во последните месеци најмногу се зборуваше за неговиот изглед. Џона во текот на целата своја кариера имал проблеми со вишокот килограми, односно поради некои филмови морал да ослабне и да качи килограми. Затоа одлучил јавно да проговори за своето ментално здравје во документарниот филм наречен Stutz, кој го снимил во тајност со својот терапевт.
Актерот беше сниман неколку пати во сосема поинаква верзија од претходните години. Многу ослабе, а пуштил и долга брада и коса.