logo
logo
logo

Актерка ќе го ТУЖИ Економист заради напис ДЕКА Е ДЕБЕЛА

Vecer | 11.08.2022

Актерка ќе го ТУЖИ Економист заради напис ДЕКА Е ДЕБЕЛА

Актерката Енас Талеб вели дека тужи весник поради нејзина фотографија објавена во напис за „дебелите“ жени.

Ирачката актерка Анас Талеб изјави дека го тужела весникот „Економист“ затоа што ја искористила нејзината фотографија во напис за жените кои се „подебели“ од мажите во арапскиот свет.

Талеб изјави дека фотографијата била искористена надвор од контекст, без нејзина дозвола и дека ја нарушува нејзината слобода и приватност.

Таа тврди и дека фотографијата е фотошопирана, односно дека и е сменет вистинскиот изглед.

Познатата актерка и водителка во интервју изјави дека покренала правна постапка во Велика Британија.

Неделникот „Економист“ не одговори веднаш на барањата за коментар.

Насловот на текстот беше „Зошто во арапскиот свет жените се подебели од мажите?“.

Објавен е на крајот на јули со фотографија на Енас Талеб, создадена пред девет месеци на меѓународниот фестивал Вавилон во Ирак.

Во текстот се наведува дека сиромаштијата и ограничувањата наметнати од општествените норми кои ги прават жените поретко да ја напуштат куќата се меѓу причините зошто повеќе жени отколку мажи се дебели.

Друга причина, се вели во текстот, можеби е тоа што на некои мажи „облините“ им се попривлечни.

„Ирачаните често ја наведуваат Енас Талеб, актерка со облини (прикажана на фотографијата), како идеал за убавина“, се вели во текстот.

Талеб рече дека статијата „ги навредува арапските жени, особено Ирачанките“, прашувајќи зошто „Економист“ „се интересира за дебелите жени во арапскиот свет, а не за Европа или Соединетите Американски Држави“.

Таа за јорданската телевизија Ал Аларбија финансирана од Саудиска Арабија изјави дека се соочила со „исмејување“ на социјалните мрежи поради текстот.

Таа за магазинот New Lines изјави дека е здрава и задоволна со својот изглед. Талеб е една од најпознатите ирачки актерки и има девет милиони следбеници на Инстаграм.

Во интервју за телевизијата Ал Арабија, таа рече дека Економист немал среќа да ја налути.

„Не знаеја дека сум позната јавна личност.

„Поразот можам да го претворам во победа“, изјави таа.

Поради текстот, Економист доби голем број критики на социјалните мрежи, меѓу кои и обвинувања за „расизам“, „сексизам“ и „срамување на арапските жени“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk