ПЕСНА ИМА, ПАРИ НЕМА

Ако БиХ го подмири долгот, на Евровизија оди Ханка Палдум!

Доколку Босна и Херцеговина го подмири долгот кон Евровизија, следната, 2018, година во Португалија земјата ќе ја претставува Ханка Палдум. Пејачката фолк легенда веќе добила понуда за учество, и тоа од германскиот композитор Ралф Зигел кој дури и подготвил и песна.

Според пишувањата на босанските медиуми, Зигел на Ханка и напишал песна со балкански етно елементи и наводно бил подготвен се да финансира сам, односно на негова сметка да биде целиот трошок за заминување на екипата на ова музичко натпреварување.

Веста ја потврдила и пејачката, која изразила жалење што, како што рекла, "овој одличен проект нема да биде реализиран". Веројатно, рекла дека проектот е осуден на пропаст затоа што БиХ има огромен долг кон организаторите на ова музичко натпреварување, па тешко е веројатно дека истиот ќе биде подмирен.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари