logo
logo
logo

Аки Рахимовски пред три години доби ќерка: Ако може Мик Џегер на 74, можам и јас на 64 години

Vecer | 22.01.2022

Аки Рахимовски пред три години доби ќерка: Ако може Мик Џегер на 74, можам и јас на 64 години

Тој ја чувал својата приватност подалеку од очите на јавноста. Последниве години една од најактуелните теми беше веста дека Аки Рахимовски на 64 години доби ќерка со мистериозната Словенка Барбара која има 37 години. Тие двајца три месеци успеале да ја кријат веста за породувањето.

„Ако може Мик Џегер на 74 години, зошто да не може и Аки“, вели неговиот пријател и член на „Парни Ваљак“ Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Потсетуваме дека од претходниот брак со сопругата Ингрид ги има синот Кристијан, кој исто така е музичар, и ќерката Дина.

„Нема да кажам дека бев лош како татко, но често не бев дома поради работата. Секогаш велам дека сум им благодарен на мајките на моите деца бидејќи тие го презедоа тешкиот дел при растењето и воспитувањето на децата. Секогаш кога добивам награди, нагласувам дека немаше да има признание без нив. Ги немаа затоа што воспитувањето деца значи многу жртви. Имаат многу разбирање за мојата работа, а како што велат луѓето, тоа е таква работа што и мене не ми се допаѓа, но морам да ја работам“, изјавил пред неколку години Аки.

Тој денеска почина во Ново Место , Словенија , откако отишол на излет со сопругата Барбара и ќеркичката. Наеднаш му се слошило и за кратко време починал во локалната болница. Неговиот менаџер вели дека најверојатно станува збор за срцето , а нема официјални информации од болницата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk