logo
logo
logo

Аки Рахимовски се женел два пати, а третото дете го доби на 64 години со 3 децении помладата Словенка

Vecer | 22.01.2022

Аки Рахимовски се женел два пати, а третото дете го доби на 64 години со 3 децении помладата Словенка

Пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, почина денеска, 22 јануари, на 67-годишна возраст, објавено е на официјалната веб-страница на бендот.

Аки пред две години со својата 27 години помлада партнерка Барбара доби ќеркичка, но својата врска ја чуваа подалеку од очите на јавноста.

Вториот брак му беше со Ингрид, а заедно ја имаат ќерката Дина. И покрај тоа што овој брак траеше речиси четири децении, Аки и Ингрид никогаш не се појавија во јавноста заедно.

Тажната вест за смртта на Аки беше објавена на официјалната страница на групата на Фејсбук.

- Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 22.1.2022 Аки Рахимовски засекогаш заспа, се наведува во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk