Агенцијата за филм потпиша неколку договори за регионална и европска соработка со Бугарија

Непосредно пред почетокот на престојниот Самит на земјите од Западен Балкан што ќе се одржи утре во Софија, Р. Бугарија, директорот на Агенцијата за филм на Р. Македонија, Горјан Тозија со директорката на Бугарскиот филмски центар Жана Караиванова, денеска во Кан го усогласија и го потпишаа текстот што ќе биде основа за да се потпише и да стапи во сила Договорот за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност.

На потпишувањето на договорот присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат взаемната соработка.

Пред три дена, во рамките на Канскиот Филмски Фестивал, Агенцијата за филм потпиша и договор за соработка и со филмската институција од Косово со г. Арбен Зарку, а почна и со разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од Centre national du cinema (CNC). Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари