На обвинувањата дека продуцентот Рандал Емет, со кој Вилис снимил повеќе од 25 филмови, го принудил актерот да работи и покрај неговите здравствени проблеми, Сингер рече дека тогашната состојба на Вилис го дозволувала тоа, пренесува британски The Mirror.

„Мојот клиент продолжи да работи по неговата медицинска дијагноза бидејќи сакаше да работи и беше способен да работи, исто како и многу други дијагностицирани со афазија кои можат да продолжат да работат“, рече тој.

Откако дознал за неговата дијагноза, Вилис глумел во филмот Полноќ во Свичграс заедно со Меган Фокс, каде што портретираше агент на ФБИ, кој се трка да го спаси својот партнер од сериски убиец, со кого се вкрстуваат додека истражуваат синџир за трговија со луѓе во Флорида.

Да потсетиме, актерот боледува од афазија, здравствена состојба која влијае на неговите когнитивни способности, а со болеста се бори веќе две години, а последните филмови ги снимил со помош на телесен двојник.

„Сакаме да им дадеме до знаење на обожавателите на Брус како семејство дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми, неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус си заминува од кариерата која многу му значеше. објави семејството Вилис..

„Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата континуирана љубов, сочувство и поддршка“, велат тие. Истата објава се појави и на профилот на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.