logo
logo
logo

АДЕЛ воведе строги правила за настапите: Сака публика, ама не без ВАКЦИНА или НЕГАТИВЕН тест

Vecer | 08.12.2021

АДЕЛ воведе строги правила за настапите: Сака публика, ама не без ВАКЦИНА или НЕГАТИВЕН тест

Адел минатата недела изјави дека ќе има повеќе настапи во периодот од 21 јануари до 16 април во Лас Вегас, но за овој настан се одредени посебни правила. Имено, кој сака да присуствува на концертот на британската музичка ѕвезда, мора да покаже доказ за вакцинација против корона вирус или негативен тест.

- Организаторот на настанот бара сите учесници на овој настан да бидат целосно вакцинирани (14 дена од последната доза на вакцината) и да имаат негативен тест за ковид-19 - се наведува во образложението, како што информираат од Дејли меил.

Негативниот резултат од домашен тест за ковид-19 нема да биде доволен за да се влезе во концертот.

Ова барање се однесува на сите кои ги исполнуваат условите за примање вакцини, без исклучок. Децата кои не ги исполнуваат условите за вакцинација мора да донесат доказ за негативен тест за Ковид-19 и да носат маска за време на концертот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk