logo
logo
logo

Адел се омажила по вторпат, далеку од очите на јавноста

Vecer | 21.11.2023

Адел се омажила по вторпат, далеку од очите на јавноста

Адел, која има син со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, ја потврди врската со Пол во 2021 година. Во интервју за списанието „Ел“ (Elle) лани, пак, таа ги отфрли тврдењата дека се венчале, по тогашните гласини. Сепак, таа нагласи:

- Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со него!

На концерт во септември, Адел навести дека тие се венчани. Имено, девојка од публиката ја запроси пејачката... И, тоа, се чини, не беше на шега. Но, Адел на шега одговори:

- Не можам да се оженам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва... Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!.

На друг концерт во Лас Вегас, таа најави и дека сака дете, па зборуваше и за имиња за деца.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk