logo
logo
logo

АДЕЛ ГО НАПУШТИЛА ИНТЕРВЈУТО – Новинарот не го слушал НЕЈЗИНИОТ НОВ АЛБУМ

Vecer | 24.11.2021

АДЕЛ ГО НАПУШТИЛА ИНТЕРВЈУТО – Новинарот не го слушал НЕЈЗИНИОТ НОВ АЛБУМ

Адел го напуштила ексклузивното интервју откако австралискиот новинар признал дека не го слушал нејзиниот нов албум “30“.

Новинарот Мат Доран и снимателската екипа стигнала во Лондон на интервју, и наводно за интервјуто било платено милион долари. Доран во текот на интервјуто призналдека преслушал само една песна од албумот, а Адел во истиот момент го прекинала интервјуто.

Доран објаснил дека не го видел мејлот во кој му бил доставен албумот. Многумина се прашувале како успеал да направи ваква грешка. Новинарот Петер Форд напиша дека ваквата ситуација била доста незгодна, но и дека Доран е личност кој секогаш ги завршува своите задачи.

Сепак некои го критикувале.

Писателката Тарла Ламберт навела дека постојат илјадници квалификувани новинари кои би направиле се да бидат на местото Доран и дека овој “скандал“ е идеален пример за тоа како некој ги користи привилегиите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk