НОВА ПРОФЕСИЈА

Аце од "Балкан бенд" стана столар!

Александар Тасевски кој е дел од составот "Балкан бенд" стана столар! Имено, пејачот и музичар деновиве стартуваше со нов бизнис, па така освен со микрофон, од сега па натаму ќе другарува и со даски и ПВЦ-материјали и ќе изработува врати и прозорци.

"Нормално дека јас нема да го работам тоа, имам луѓе кои ми се вработени, но морам да признаам дека столаријата како занает ме интересирала отсекогаш и навистина сум среќен што ете отворив моја фирма за изработка на вакво нешто", откри Аце.

Слободното време меѓу настапите, музичарот го користи и за да минува време со синот, а вели и дека во последните неколку месеци на сите поважни состаноци веќе со него оди и малиот наследник, кој иако е мал, уште од сега покажува љубов кон музиката.

"Уште е мал, но по дома веќе заедно свириме и пееме. Ја сака музиката, цел е на тато", низ насмевка прокоментира Тасевски кој се уште е актуелен со темата "Зависник" за која заедно со момците од составот снимија и видео.

Поврзани

Најнови вести

Коментари