logo
logo
logo

Аца Лукас откри детали од врската со покојната Ксенија Пајчин!

Vecer | 15.06.2021

Аца Лукас откри детали од врската со покојната Ксенија Пајчин!

Аца Лукас ја објави автобиографијата „Ова сум јас“ во која откри многу непознати детали од својот живот, како оној дека бил во врска со покојната пејачка Ксенија Пајчин.

- Живеевме заедно една година. Нашата врска беше искрена и полна со страст. За разлика од повеќето жени со кои сум бил Ксенија не се обидуваше да ме смени. Кога некој ќе ме прашаше да ја опишам велев - ’Добар човек. Убава, а несреќна. Беше многу несигурна, пишува Лукас.

Пејачот открил и како неговата тогашна сопруга открила за врската со Ксенија.

- Пеев на една тераса во Сутоморе. За време на паузата и пишував на Ксенија. И кажував што ќе и правам јас, а што таа мене. Го слушнав колегата дека ми вели оти паузата е завршена, брзо ја испратив пораката. Кога го зедов микрофонот низ глава ми помина „не е дека...“ Кога завршив со пеење и го зедов телефонот имав што да видам. Мојата втора сопруга Наташа ја добила пораката место Ксенија. Во една порака имаше пцовки, во друга клетви, во трета комбинација од двете, открил пејачот.

Инаку, Ксенија Пајчин беше убиена во 2010 година од тогашното момче Филип Каписода, кој потоа и си го одзеде животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk