logo
logo
logo

Аца Лукас ИТНО ПРИМЕН ВО УРГЕНТНО

Vecer | 20.01.2022

Аца Лукас ИТНО ПРИМЕН ВО УРГЕНТНО

Пејачот Аца Лукас денеска во текот на денот итно бил примен во Ургентниот центар во Белград.

Како што објавија српските медиуми пејачот останал да лежи во болница за да ги направи сите дополнителни прегледи во врска со неговото здравје.

Првото упатство што го добил за преглед било за гастроентеролог, но деталите за неговата дијагноза се уште не се познати.

- Точно е дека Аца Лукас заврши во болница. Се чувствувал уморен и слаб, но направиле детални прегледи. Само ќе ви кажам дека се префорсирал,  бидејќи претходните денови и недели работеше многу... Му дадоа витамински коктел - рече Саша Мирковиќ, менаџер на пејачот.

За потсетување, Аца Лукас пред неколку дена зборуваше за медиумите и рече дека ќе биде учесник на Беовизија и дека верува дека тој е единствениот кандидат кој може да ја претставува Србија на Евровизија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk