logo
logo
logo

ФИЛМСКА МАФИЈА УДРИЛА ПО ДРЖАВАТА! Не добиле пари, па шират хаос

Vecer | 07.12.2021

ФИЛМСКА МАФИЈА УДРИЛА ПО ДРЖАВАТА! Не добиле пари, па шират хаос

Останале без пари па тргнале во хајка на сите.

Голема афера ја потресува филмската индустрија во Србија, а се започнало кога режисерите Горан Марковиќ, Срѓан Драгојевиќ и Срдан Голубовиќ останале без сретства при Филмскиот центар на Србија за своите проекти.

Еве што во суштина стои позади оваа хајка од таканаречените дисиденти.

Срѓан Драгојевиќ кој добил пари за два филма, Срдан Голубовиќ, кој земал пари за 6 филма од кои ниеден не го завршиле, тргнале заедно со опозиционетите на Ѓилас во напад на ФЦС, каде што наводно Горан Марковиќ, водач на опозиција, не добил пари.

Тој и Срѓан Драгојевиќ аплицирале со филмови кои многупати биле одбиени на редовните конкурси за еминентни режисери. Ико било кажано дека конкурсот ќе биде повторен, тие како по обичај го прогласиле за цензуран и тргнале во напад на државата.

Горан Марковиќ инаку снимал во сите режими , а себеси се прогласил за дисидент.

Дарко Бајиќ, уште како кадар на Г17+ ведри и облачи со државните фондови, рекол дека е крај за српскиот филм поради тоа што Горан Марковиќ не добил пари, иако никогаш повеќе не снимал во Србија.

Инаку истата група луѓе го нарекле нелегален изборот на “Дара од Јасеновац“ за Оскар и се жалеле во Американската академија. Оваа година на ист начин е исфрлен филмот “Оаза“ се им било легално но тие биле политички проекти.

Нивниот проблем со ФЦС е да се докопаат до државни пари и со нив да господарат како што тоа го правеле и досега, но и да забранат снимање на српски национални филмови.

Преплашени од нивните медумски напади, и во став да не бидат нападнати, луѓето од УО ФГЦС масовно поднесуваат оставка.

Многумина од луѓето во кинематографијата ги сметаат за морални уништувачи кои се борат за своите привилегии, но молчат бидејќи споменатаите “дисиденти“ ја имаат артилеријата на Ѓилас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk