Иако е во 4-годишна врска, ќерката на славниот пар им се препуштила на страстите на плажа со својот љубовник

Ќерката на славниот холивудски пар, Вил Смит и Џејда Пинкет Смит – Вилоу, била фотографирана во Мајами како ужива во друштво на музичарот Де’Вејн со кој не се воздржувала од разменување на нежности пред полната плажа.

Парот не се грижел за туѓите погледи во страсните моменти, а очигледно не им сметале ниту објективите на папараците. Вилоу притоа ја покажала својата витка линија во црно бикини, а дополнително внимание привлекувала и со избричената глава и тетоважите кои го красат нејзиното тело.

Она што е интересно е што 21-годишната Вилоу веќе некое време е во врска со музичарот Тајлер Кол, поточно од 2017 година, но претходно оваа година откри дека двајцата имаат договор дека можат да имаат повеќе партнери, односно да практикуваат полиаморија, а нејзиниот избор очигледно паднал на Де’Вејн.


„Имам чувство дека главниот темел на полиаморијата е слободата со која можете да создадете стил на врска која е најдобра за вас, а не само да зачекорите во моногамија бидејќи тоа е она што сите околу вас ви велат дека е исправно“, објаснила Вилоу во емисијата на својата мајка, „Red Table Talk“.